426
Во врска со наводите за издадена благодарница од страна на претседателот Стево Пендаровски на лицето Роберт Тодороски, претседател на РХО Здружени срца – Прилеп, ве информираме дека таков документ не е врачен од страна на претседателот Пендаровски, или издаден од Кабинетот на претседателот, информираа од неговиот кабинет.
Претходно, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека претседателот на државата му врачил благодарница, како што велат на нивниот заканувач, кој јавно пишува дека ќе ги фрли во ендек децата на Мицкоски.