Времето денеска: Променливо облачно

by Fokus

Променливо облачно време се очекува денеска и утре во земјава.

За денеска од УХМР најавуваат дека ќе има и сончеви периоди и релативно топло време.

Се очекува да дува и умерен до засилен ветер, кој во западните делови ќе биде и силен со над 70 километри на час. Во попладневните часови, пак, се очекува пороен дожд и грмежи особено во источните делови.У

Утринската температура ќе биде од 4 до 10 степени, додека дневната ќе се движи од 16 до 22 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне во делови од скопската котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Поврзани новости