995
Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интерју на Канал 5 зборувајќи за косовското прашање, рече дека мора многу да се внимава, бидејќи тоа може да има влијание врз регионот.
-Јас велам ако вие успеете меѓу себе да договорите и промена на граници и размена на луѓе и притоа има клаузула која ќе ја гарантираат светските сили дека нема да се чепкаат другите држави, тогаш потпишувајте. Ефектите од тој договор може да засегнат и други држави, затоа јас се замешав. Рамковниот договор кога го потпишувавме и тогаш беше битно да не се менуваат границите. Кога дојдоа главните медијатори рекоа границите нема да се менуваат, рече Пендаровски.