Пендаровски: 80% од Македонците би кажале дека не сакаат во ЕУ под сегашните услови

by Fokus

Македонскиот претседател Стево Пендаровски во интервју за РТЛ вели дека паѓа поддршката за ЕУ поради чекањето за влез веќе 20 години.

„Паѓа драстично поддршката. Во последните две години таа поддршка е преполовена. Ние секогаш сме биле со високи проценти, до дури 90% за влез во ЕУ, но под тие услови кои беа во моментов. Сега кога ќе ги прашате Македонците, особено дали Македонија треба да стане членка на ЕУ под овие услови, Бугарите да влезат во Уставот, 80% ќе кажат НЕ“, вели Пендаровски.

Тој во интервјуто кажа дека е разочаран од некои од челниците на ЕУ и од некои од претседателите на европските држави.

„Морам да признаам и да кажам дека сум разочаран од некои од високите челници не само од ЕУ, туку од поедини држави. Не би сакал сега да ги именувам земјите, тоа не ми личи како претседател на државата, но очекував повеќе од страна на силните земји на ЕУ во тој правец, да ја убедат Бугарија дека може да дозволи да одиме во ЕУ без тие услови. Тоа никој не може да го поверува во Македонија“, смета Пендаровски.

Поврзани новости