Пендароски убеден: Резултатот на референдумот нема да биде тесен

by Fokus

Со евроатланска интеграција на Македонија младите ќе добијат поголема можност во својата држава и ќе се намали иселувањето во странство, им укажа денеска на вевчанци националниот координатор за НАТО, Стево Пендароски.

Во рамки на кампањата „Излези ЗА Европска Македонија“ тој оствари средби со различни категории граѓани, од млади до пензионери, пред кои ги презентира придобивките што значи да се гласа „за“ на референдумот на 30 септември и што ќе значи тоа за Македонија.

Веднаш по членството во НАТО, според него, се зголемува и бројот на странските и домашните инвестиции бидејќи иднината на државата е загарантирана. Перспективите во однос на економијата се уште поголеми со влезот во ЕУ.

„Резултатот нема да биде тесен. Многу луѓе се убедени за придобивките на земјата со влез во НАТО и ЕУ и се сигурни дека ќе гласаат „за“. Барем во Вевчани мислам дека не треба да се убедуваат многу луѓето, посебно младите. Тие се една космополитска генерација која има шетано низ светот, но и со модерните технологии знаат што значи да си изолиран, а што да си дел од модерниот свет, изјави Пендаровски.

Поврзани новости