Интернационалниот Пен и Македонскиот Пен изрази загриженост поради неодамнешните откритија дека Македонија наводно ги подложувала своите новинари и повеќе државни институции на масовен неовластен надзор, како и од обидот на Јавното обвинителство за превентивно цензурирање на новинарите кои истражуваат наводи за владина корупција.
„Слободното изразување, јавно и приватно, во Македонија е под закана во пораст. Споведената анкета во декември 2014, покажа дека повеќе од половина од македонските државјани чувствуваат страв отворено да ги изразат своите мислења и дека речиси две третини сметаат дека се подложени на државно надгледување. Новинарите и активистите, често во фокусот на острите тактики насочени да ја поразат критиката на владата, се принудени на самоцензура пред стравот од надзорот“, соопштија од таму.
Како што додаваат тие, слободниот печат, слободната политичка опозиција и правото на слободна приватна комуникација без шпионажа се темелите на здраво и модерно демократско општество.