ВМРО-ДПМНЕ: Кривичните пријави од СДСМ се правно неосновани

by Фокус 16:37
16:37

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ реагира на денеска поднесените кривични пријави на СДСМ против директорот на УБК, Сашо Мијалков, Светлана Костова судијка во Вишиот Управен суд и Хаим Хакијни, странски државјанин. Кривичните дела за кои што е поднесена пријавата се примање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластување, како и за кривично дело давање поткуп,а според ВМРО-ДПМНЕ со вакви потези на опозицијата се нанесува штета на безбедносниот систем на Македонија.

– Со денешниот прес Петре Шилегов свесно се подреди во редот на лица кои свесно нанесуваат штета на безбедносниот систем на Македонија и на нејзиниот углед. Зоран Заев и СДСМ свесно оддадоа државни тајни кои се однесуваат на спремноста и капацитетот на специјалните единици на МВР и кои се однесуваат на безбедносната соработка со пријателски држави. Ниту една празна прес конференција и ниту една празна пријава нема да може да го покрие срамот кој на себе си го ставија Зоран Заев, Петре Шилегов и СДСМ. Тие покажаа дека се спремни да одат против сопствената држава, против нејзината безбедност, да предизвикуваат дестабилизации, а сето тоа само да се доберат до власт без поддршка од граѓаните – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека немаат намера да дозволат СДСМ со себе во калта да ги повлече и стабилноста на државата, државните институции и целиот правен систем.

 

Поврзани новости