922
Некогашниот македонски прволигаш и гигант за респект, Пелистер ги поминува можеби своите најтешки мигови од постоењето. Битолскиот тим денеска забележа висок пораз од Генч Калемлер во Битола со 4-1 во меч од Втора лига – Запад.
Ваквиот исход на настаните ги налути најверните фанови на „зелените“, навивачката група „Чкембари“ која јавно праша „дали ќе се чека да помине референдумот, па потоа да се бара решение за Пелистер“.
„Ало, општински власти, дали се слушаме? Спортот ви беше главна тема на критика се додека не стапивте на власт и се шо прајме? ФК Пелистер губи со 1-4 дома од чкљ екипа, шо е проблемот? Ќе чекаме референдумот да помини за решение да изнајдиме? А дотогаш срамот ќе си го кркаме?“, револтирано прашуваат „Чкембари.