Пекабеско со годишен извоз од 7 милиони евра

by Фокус

Во 2014 година извозот на Пекабеско во четири земји од регионот достигна рекордни 7 милиони евра

„Во текот на минатата година извезовме 1.500 тони во БиХ, 1.300 тони во Црна Гора и 300 тони во Србија и Косово. Целокупниот годишен извоз во 2014 година достигна речиси 7 милиони евра“, изјави Слободан Кутревски, прв извршен директор на Пекабеско.

Според Кутревски, Пекабеско е доказ дека и во услови на криза може да се инвестира и вработува. Пекабеско сред економската криза инвестираше над 13 милиони евра во нов Производствено – логистички центар во Кадино, општина Илинден.

Објектот со големина од 20.000 м2 беше отворен на крајот од 2012 година.

„Првата година по инвестицијата, производството се зголеми за 70%, а минатата година за 40%. Минатата година извозот во 4 земји од регионот достигна рекордни 7 милиони евра“, вели првиот извршен директор на компанијата.

Пекабеско е компанија е со 40-годишна традиција која денес брои повеќе од 430 вработени.

 

Поврзани новости