Заев: Урко го повикал Спасов ноќта кога е убиен Нешковски

by Фокус 14:00
14:00

Игор Спасов, поранешниот припадник на полициските специјалци кој беше осуден на 14 години за убиството на Мартин Нешковски на скопскиот плоштад, ноќта кога ВМРО-ДПМНЕ ја славеше изборната победа на парламентарните избори во 2011 година, бил усно повикан од довчерашниот шеф на обезбедувањето на премиерот Никола ГруевскиДејан Митровски – Урко. Ова го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а го потврдуваат и разговорите што тој ги објави, кои, како што тврди, се водат меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, полицискиот портпарол Иво Котески, шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, шефот на кабинет на премиерот Мартин Протоѓер.

Според Заев, Јанкуловска се жали дека Урко ги затскривал фактите за случајот за да види како да го заштитат виновникот Спасов, за кој првично и самата министерка имаше сомнежи дека е тој вистискиот убиец, бидејќи не одговарал на описот на сведоците. Разговорите потврдуваат дека Урко во МВР си имал паралелна структура, чии припадниците му биле достапни само по телефонски повик, без притоа, како што трагичниот случај со Нешковски, да се запази процедурата.

- Advertisements -

– Не може Спасов како специјалец да оди без униформа ако е на службена должност по процедура. Не сме опозиција па да правиме паралелна структура во МВР – вели во еден од разговорите Јанкулоска, според која не требало да се крие вистината за случајот, за да смислат како да се вадат кога бељата е веќе направена.

Поврзани новости