СДСМ: Власта прикривала докази за смртта на Мартин Нешковски

by Фокус

СДСМ објави аудиоснимки поврзани со смртта на Мартин Нешковски. Според Заев вистината за случајот е болна, но е една и единствена. Месец пред да се навршат четири години од смртта на момчето загинато на прославата на ВМРО ДПМНЕ по изборната победа во 2011-та. Зошто МВР со денови молчеше? праша Заев на прес конференција. Тоа отвора дилема зошто нема командна одговорност кај претпоставените на Спасов, и зошто нема одговорни во МВР. Мијалков, според Заев, признава дека Спасов е ангажиран полицаец на смена, а не е таму приватно. Тоа практично го менува целиот случај.

Снимките се однесуваат ден по настанот, ден по трагедијата со Нешковски.

На една снимка, според СДСМ се слушаат гласовите на Јанкуловска и Котевски кои зборуваат за случајот. Котевски ги нарекува новинарите „таленти“ и „идиоти’ затоа што го прашувале за случајот. За убиството на Јанкуловска не и се зборува оти било изборна победа. Во друг разговор, истите двајца тврдат дека ќе го расчистат случајот, но морале да ги молат новинарите за внимателно да објавуваат. Котевски признава дека имаат четири имиња, но не знаат точно кој е жртвата.

Во друг разговор Јанкуловска и Протугер договараат како да и се одговори на јавноста за случајот, односно како да се направи стратегија. Таа Мартин го нарекува наркоман.

Поврзани новости