353
Партијата за eвропска иднина (ПЕИ) денеска испрати реакција по повод вчерашните случувања и одлуката на ВМРО-ДПМНЕ избори да има на 24 април. ПЕИ целосно ја поддржува одлуката на опозицијата предводена од СДСМ за неучество на изборите на 24 април 2016 година се до воспоставување на реални предуслови за одржување на легални и легитимни избори.
-ПЕИ констатира дека проблемот со избирачките списоци, дуплите гласачи и нерегулираната правна рамка за медиумите се причина за нерегуларни избори и резултати кои сами по себе носат и нелегитимни изборни претставници во последните изборни процеси, се наведува во соопштението на ПЕИ.