Груевски првпат честиташе празник само како партиски лидер

by Фокус 14:01
14:01

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска испрати честитка по повод празникот Водици. Првпат тоа го направи само од лично име и од име на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, да Ви го честитам големиот христијански празник – Богојавление Водици. Бог ни го покажа патот на покајанието и прочистувањето, патот до почист и успокоен живот. Да го следиме тој пат и со радост да го прославиме големиот празник. Поминатото зад нас и времето пред нас е преполно со предизвици, за чие надминување е потребна мудрост, единство, знаење и посветеност, вредности кои нашите граѓани ги поседуваат и ги споделуваат, и тоа нè охрабрува, нè прави сите нас посилни во остварувањето на зададените цели, се вели во честитката од Груевски.

- Advertisements -

 

Поврзани новости