ПДП: Дали Питер Фејт има улога да го спаси Ахмети од аферите?

by Фокус

Партијата за демократски просперитет (ПДП) во денешната своја реакција вклучувањето на Питер Фејт во анализата за спроведување на Рамковниот договор го опиша како обид на Али Ахмети да се фати за сламка, гледајќи дека од ден на ден сè повеќе тоне. ПДП прашува дали Питер Фејт има улога да го спаси Али Ахмети од аферите.

-За Рамковниот договор не може да тврди дека се залага партија која треба да биде предмет на истражување на специјалниот обвинител поради аферата „Маѓар телеком“ и другите афери од објавените „бомби“ . Тоа не може да го направи лидер кој не може да се појави слободно пред своите гласачи, се вели во соопштението од ПДП.

Од ПДП прашуваат дали Питер Фејт е запознаен со  изјавите на Ахмети во медиумите на Косово и во Албанија дека Албанците се конститутивен народ во Македонија, дека албанскиот јазик е втор службен јазик, дека има многу полицајци Албанци, дека Албанците ги уживаат сите национални, културни, економски и социјални права.

Поврзани новости