Пазарната инспекција вечерва упадна на журки во две скопски кафулиња

by Fokus

Пазарниот инспекторат вечерва затворил две скопски кафулиња во центарот на градот. Порталот сдк.мк објави и фотографии кои ги добиле од Пазарниот инспекторат. На истите се гледа дека и во двата локали било полно со луѓе, а според информациите имало журка, без да почитување на протоколите.

„Начекавме атмосфера на разиграни млади луѓе, гласна музика, со еден збор на големо кршење на ковид протоколите. Двете кафулињата ги празниме без асистенција на полиција. Ќе бидат затворени од 10 до 30 дена, ќе заработат парична казна од 5 200 евра, како и прекршочна пријава. Денеска затворивме и една игротека во која се славеше роденден со повеќе славеници“, вели Пауновски за СДК.МК.

Фото – СДК

Поврзани новости