Арсовски: Јовески и Русковска се плашат да отворат случај за шверцот на 5 камиони тутун од пријател на Николовски

by Fokus

Додека Венко Филипче и Зоран Заев пробуваат да ќарат провизии од набавка на вакцини, други луѓе од владата заминуваат шверц на 5 камиони тутун во Република Македонија, вели Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите институции молчат за криминалниот шверц што го призна Царинската управа дека се случила преку фирмата Студенац Шпед на Димче Тројановски инаку близок пријател на Љупчо Николовски, кој прошверцувал 5 камиони тутун на граничниот премин Деве Баир, каде работи и шпедицијата на братот на Љупчо Николовски.

Царинска управа признава дека е направен шверц, сите останати молчат. Криминалци и соучесници, сите до еден.

Замислете, фирма без дозвола за увоз на тутун и тутунски производи, увезува, односно шверцува во Македонија 5 камиони нелегален тутун, само затоа што е близок сопственикот до Љупчо Николовски и градоначалникот на Крива Паланка.

Жално е и страшно што се плашат да отворат случај и Јовески и Русковска, како и антикорупциската комисија кои што практично се привезоци на оваа влада. Срамно е што штитат криминалци од ваков ков кои се во Влада, но и на улица, само затоа што се членови на СДСМ.

Одговорност мора да има и за они кои го извршиле шверцот и за оние кои ги штителе и се соучесници. Од владини функционери, па обвинители, па се до секој еден кој е вмешан“, додаде тој.

Поврзани новости