Пазарен инспекторат: Купувањето маски преку Фејсбук е на сопствен ризик

by Fokus

Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, на денешната прес-конференција истакна дека купувањето маски преку Фејсбук е на сопствен ризик.

„За жал за продажбата преку Фејсбук не можеме ниту да реагираме, ниту да контролираме. Има физички лица кои продаваат маски, ракавици. Што значи, сите кои купуваат преку Фејсбук, купуваат на сопствен ризик“, – рече Пауновски.

Тој потврди дека во земјава има доволно маски во аптеките, а воедно има и наше производство, чии цени се од 5 до 95 денари за парче, во зависност од што се произведени и какви се.

Поврзани новости