Филипче: Ако се намалени рестрикциите, не значи дека епидемијата завршила

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека пристигнале 12 респиратори и 5.000 заштитни маски во вкупна вредност од 4 милиони евра.

„Веќе е во функција амбулантско терапевтскиот дел во Козле. Тие што беа позитивни поминаа асимптоматски и со лесна клиничка слика. Во однос на задолжително носење на заштитна опрема, има голем број асомптоматски носители и од таа причина донесовме таква одлука. Сметаме дека е неопходно за да се намали ширењето на заразата. Тоа се однесува на затворен простор, а на отворен кога не може да се одржи дистанца од два метри“ – истакна Филипче.

Тој додаде дека ќе им бидат продолжени договорите на патронажните сестри.

„Бевме контактирани од патронажните сестри, сите тие договори на сите кои сакаат да продолжат ќе им бидат продолжени и ќе бидат вработени дополнителен број на патронажни сестри. Обезбедени се финансиски средства – вели Филипче.

Според него, нивните проекции за развојот на болеста се покажале како точни.

„На база на сите проекции изградивме успешна стратегија. Со намалувањето на рестрикциите не значи дека епидемијата завршила – вели министерот за здравство.

 

 

 

Поврзани новости