Павловска: Никако не смее да се гради Клинички центар на старата локација, се работи за огромни суми на пари, мора се преиспита одлуката

by Fokus

Премиерот Зоран Заев пред неколку дена истакна дека се уште не одлучиле каде ќе биде изграден новиот Клинички центар, со оглед на тоа што ако донесат одлука да биде изграден на нова локација, државата ќе мора да плати пенали од 5,5 милиони евра, додека пак ако нова можна локација биде Визбегово тогаш ќе се потрошат 450 до 500 милиони евра.

Веднаш по неговата изјава се огласи архитектката Даница Павловска, која упати апел до сите свои колеги да поагресивно да го искажат своето знаење при донесување на значајни одлуки за државата.

Таа во изјава за „Фокус“ тврди дека никако не смее да се гради нов Клинички центар на старата локација.

„Потребен е еден моментум на преиспитување. Владата треба да донесе одлуки со голема тежина и за тоа е потребна храброст. Тука се работи за огромни суми на пари и мора добро да се размисли пред да почне изградбата. Овде не се работи само за здравството, тоа е белег на државотворноста. Инфраструктурно тој простор нема капацитет за таму да се изгради Клинички центар. Тука проблем се димензиите, контекстот, елементарните стандарди не се исполнети – истакна Павловска.

Таа додава дека како предлог локација може да биде Злокуќани, со оглед на тоа што за таму веќе се направени две студии кои тоа го потврдуваат.

 

Поврзани новости