712
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос денеска уште еднаш недвосмислено порача дека Грција нема да дозволи влез на Македонија во Европската Унија без промена на името. Тој рече дека „Македонија е една и е грчка” и дека ќе продолжат да ги блокираат евроинтеграциите.
– Сè додека инсистира да го користи името, кое освен фалсификување на историјата, шири и иредентизам, нема да има европска перспектива. Европското право ги исклучува кандидатите држави кои на каков било начин го оспоруваат статусот кво на границите на државите членки на ЕУ – истакна грчкиот претседател во говорот за грчката надворешна политика и за национални прашања.