Груевски наскоро се враќа во судница, судиите купуваат време

by fokus

По паузата за време на изборниот период, Специјалното јавно обвинителство од наредната недела се враќа во судница. Во вторник закажано е рочиште за случајот „Тврдина 2” во кој функционери од УБК се обвинети за уништување документи од прислушувањето.

Рочиштето беше закажано, откако СЈО, на барање од судијката, бараше одговор од УБК дека класифицираните информации на тајната полиција ќе можат да се користат во судницата како докази.

Следниот месец пак, на 22 февруари во судницата треба да седни Никола Груевски, како прв осомничен за случајот со насилствата во Центар. Освен експремиерот, обвинети се и Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и двајца советници од општина Центар.

За овој случај, од СЈО еден месец го чекале судот да им ги испрати записниците и решенијата од првото рочиште за случајот. На крајот упатиле и барања до судот да им ги достави своите решенија, кои се уште ги немаат добиено.

Од судот, за Телма велат дека решенијата доцнат бидејќи судијката која што го води случајот, Татјана Михајлова, била зафатена бидејќи истовремено била и администратор во судот. Таа е истата судијка која одлучи “бомбите” да не се користат како докази во судот.

За случајот „Тврдина 2” пак, судијка е Лидија Петровска, спомната во „бомбите” на опозицијата, поради која судството го доби прекарот „сваровски”, откако нејзината колешка објаснуваше како Петровска давала подароци и скап накит за да биде избрана за судија.

Поврзани новости