Почина Мики Јевремовиќ: „А сега, адио“

by fokus 18:32
18:32

 

Познатиот српски поп пејач Мики Јевремовиќ (75) денес почина во Белград, како последица на мозочниот удар кој што го доживеал на 27 декември 2016 година.

Како што информираат српските медиуми, во времето кога му се слошило со него бил неговит брат, и тој во полусвесна состојба бил пренесен на Одделението на интензивна нега.

Јевремовиќ беше еден од најпопуларните пејачи во регионот во шеесеттите и седумдесеттите години и зад себе остави многу хитови како „Гркинка“, „Пијам“ „Црвено вино“, „Кога би знаел дека е сама“, „Адио“ и други.

Во Скопје имаше настап пред околу девет години, заедно со Крунослав Слабинац, во хотелот „Континентал“ на забава наречена „Тиквешка вечер на песни и вино“ и тогаш изјави дека во Македонија секогаш бил одлично дочекан од публиката.

Исто така, неговата песна „Бела хризантема“ која што ја отпеа на „Макфест“ во Штип стана евергрин кој што и денес се слуша.

Во поранешна Југославија важеше како пејач кој што продава милионски тиражи на албуми.

Вики Клинчарова

Поврзани новости