Павле Трајанов до Уставен ќе достави дополнителни факти за распуштањето на Собранието

by Фокус

Демократскиот сојуз (ДС) на Павле Трајанов денеска најави дека до Уставниот суд  ќе достави дополнителни факти и аргументи за иницијативата поднесена од ДУИ за поништување на одлуката за самораспуштање на Собранието. Според ДС, оваа одлука е спротивна на Уставот, здравиот разум и правната логика, а 5 јуни е ништовен датум и на тој ден не може да се одржат избори.

-Демократскиот сојуз очекува  судот да донесе одлука со која ќе се овозможи да се излезе од политичката криза.Сосема е логично дека, 5 јуни е датум кога не може да се одржат избори и затоа треба да се свика седница на Собранието и формално да се поништи решението на претседателот на Собранието за одржување на вонредни парламентарни избори, изјави Трајанов.