Неготино денес ќе се приклучи кон Шарената револуција.

by Фокус

Неготино, градот на лозарите, денес ќе се приклучи кон Шарената револуција. Протестот под мотото Нема правда – нема мир ќе започне во 18.30 часот од пред Полициската станица, а незадоволните граѓани потоа ќе се упатат кон центарот на градот и ќе завршат пред собраниската зграда.

,,Протестот го започнуваме од Полициската станица, а потоа движејќи се по главната улица ,,Маршал Тито,, ќе се упатиме пред собранието. Ги повикуваме сите граѓани, без оглед на тоа на која партија припаѓаат, а се незадоволни од одлуката за аболиција на осомничени за криминал, бараат оставка од претседателот Ѓорѓе Иванов, бараат повлекување на одлуката за одржување на избори на 5ти јуни, да ни се приклучат во нашата Шарена револуција која што има за цел да го смени системот и да им донесе подбар живот на нашите граѓани,, – велат активисти на Протестирам.

Освен во  Неготино, најавени се протести и во други градови во земјава, помеѓу кои Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп, Делчево, Тетово, Куманово, Охрид, Битола, Радовиш, Кочани, Скопје и други.