СДСМ: Груевски ги излажа граѓаните, ни Јужен тек, ни ТАП за Македонија

by Фокус

Груевски ги излажа граѓаните за Јужен тек за којшто се обврзуваше во изборни програми,а денешниот ден покажува дека Груевски ги излажа граѓаните и за ТАП, кога по инсистирање на јавноста пред две години во емисијата Јади бурек рече дека Македонија ќе биде дел од Трансјадранскиот гасовод.

-Милионските “мајмунски и желкини“ политики на власта на Никола Груевски ја оставија Македонија изолирана во регионот. Освен Македонија, сите земји од соседството и од регионот: Бугарија, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина денеска слават официјално приклучување на Трансјадранскиот гасовод, се вели во соопштението на СДСМ.

Тие додаваат дека СДСМ и експертската јавност со години во континуитет укажувале дека Македонија мора што поскоро да фати приклучок кон проектот на ЕУ, азербејџанскиот гасовод ТАП, наместо да се фокусира само на Јужен тек, чијашто реализација се проблематизира.

-Одговорноста за ситуацијата денес е на неодговорната, криминална власт на Груевски, на која и се приотитет личните интереси, а не интересите на граѓаните. СДСМ веќе им обезбеди на граѓаните на Струмица и Куманово гас, како евтин и еколошки енергенс. Новата одговорна Влада што ќе ја предводи СДСМ ќе обезбеди гасификација на целата држава, велат од СДСМ.