Пациентите со трансплантиран бубрег примаат редовна терапија

by Fokus

Во моментот има само недостаток од таблетки Микофенолична киселина од еден од производителите. Формулација на Таблетки Микофенолична киселина од друг производител се достапни во аптеките, велат од Клиниката.

Пациентите со трансплантиран бубрег примаат редовна имуносупресивна терапија со цел да се задржи трансплантираниот орган. Лековите се подигаат со конзилијарно мислење издадено од три лекари специјалисти интернисти-нефролози од аптеките во Скопје и некои градови во Северна Македонија, соопштуваат од Универзитетската  Клиника за нефрологија, по написите во дел од медиумите дека за овие болни недостига имуносупресивна терапија.

Од Клиниката велат дека снабдувањето со имуносупресивна терапија досега се одвива непречено, а нагласуваат дека „во моментот има само недостаток од таблетки Микофенолична киселина од еден од производителите. Формулација на Таблетки Микофенолична киселина од друг производител се достапни во аптеките“.

– Сите лекови за трансплантирани пациенти поминуваат преку редовните контроли на агенцијата за лекови МАЛМЕД со потребната комплетна документација за квалитет и нивна сигурност и ефикасност. Досега, несакан ефект од лек, алергиски реакции или некои други сериозни несакани ефекти, не се пријавени од пациентите на Клиниката за нефрологија. Исто така, нема хоспитализирани пациенти со влошување на функцијата на трансплантираниот бубрег, како резултат на терапијата која ја прима – тврдат од Клиниката.

Поврзани новости