Една од најбаналните приказни на македонската протест сцена не беа контра протестите, туку овие последните протести – ЗА „ЗАЕДНИЧКА“ МАКЕДОНИЈА. Почнати, наметнати и спонзорирани од „некогашната власт“, сегашната опозиција, не донесоа никаква општествена и позитивна промена во Македонија. Напротив, целото тоа сценарио донесе само крвав крај, крај што сите во Македонија ќе го паметат како едно од највандалските и најнасилните настани што некогаш ни се случиле. Иако скриени зад знамето, орото, песната и првичните “мирните“ протести, нивниот крај ја отслика целата таа скриена злобна идеја и затоа, ако сакаме правна држава, тогаш инволвирани лица во тој крвав четврток мора да излезат пред правдата и на сите да им суди.
Почнати од „Тука сум за секој случај“ па стигнати до „ќе протестираме по потреба“ е можеби најтажната протестирачка приказна на демонстрантите!
Протестите ништо убаво не донесоа, нивните барања не успеаа, туку само останаа лузните по телата и главите на пратениците. Тоа никако не можеме ни да го наречеме „немил“ настан како што милуваат тоа да го говорат релативизаторите и дел од медиумите, туку тоа има само еден термин „класичен обид за убиство и линч на пратениците“ зад кои на последните избори со својот глас застанаа повеќе од половина милион граѓани.
Е сега, стивнаа протестите како што и се очекуваше, но не со образоложението дека демек протестите ќе се формулираат и движат во нов правец како што сакаат да го протнат во јавноста, туку тие стивнаа затоа што им е јасно дека откако почнаа во јавност да се идентификуваат и апсат насилниците, никој повеќе не сака да биде дел од таа протестирачка група и да се идентификува со нив (освен ако не биде повторно заплашен и приморан да излезе на улица). Но, и примораните и заплашените веќе не сакаат да биде нечије топовско месо за бранење на туѓа кожа. Никој разумен и нормален човек не сака да заглави во затвор како што ќе заглават голем дел од насилниците од нивните протести, касно сфаќајќи дека позади наметнатите пароли со „патриотски“ барања стоела багра којашто ги искористи и зае*а. Таа висока цена од поплочени патриотски намери ќе си ја платат со дебела затворска казна.
Повеќе од јасно е дека сите тие што беа и се инволвирани, што планирале, потикнале и направиле насилство ќе одговараат пред законот и ќе заглават во затвор. Од тоа нема бегање. И тек тогаш, еднаш засекогаш, тоа ќе стане пример дека никој повеќе не смее да помисли да биде дел и направи такво крваво сценарио.