Георгиевски: Промените ќе бидат тешки и бавни, како по пад на комунизам

by fokus 10:48
10:48

Македонија сега е пред големи и тешки промени, чие спроведување нема да биде брзо и лесно ни по формирањето на владата. Трансферот на власта и сите промени што ќе следат потоа ќе бидат и бавни и многу тешки, бидејќи досегашната власт за сите изминати години насекаде има вкоренето свои структури – во МВР, во бизнисот, во администрацијата, во судството, во медиумите, вели Љубчо Георгиевски во изјава за Дојче Веле.

„Како може да очекувате брзи промени во таква ситуација? Видете ги само состојбите во судството. Колку многу време е потребно за да се спроведат подлабоки реформи само во судството? А во другите сфери? Затоа велам дека тоа ќе бидат бавни и тешки промени, идентични како после пад на комунизам во транзициска земја“, вели Георгиевски.

- Advertisements -

Поранешните сопартијци на Никола Груевски, а сега лидери на опонентски партии – Љубчо Георгиевски, Љубе Бошкоски и Стојанче Ангелов, од следната недела почнуваат активности за подготовка за локалните избори.

Лидерот на ВМРО-Народна партија за Дојче веле истакнува дека остануваат носители на изворните идеи на ВМРО, јавноста и натаму ќе не препознава по тоа, а Коалицијата е отворена за сите што тие идеи ги почитуваат и ги поддржуваат.

Поврзани новости