Тв Стар објави скандал во делчевскиот Здравствен дом. Партиципацијата на пациентите, според нивните информации, завршувала како спортска уплата. Зад злоупотребата на здравствениот денар, стои вработен во Здравствениот дом во Делчево кој собраната партипацијата наместо во банка ја уплаќал во обложувалница.
Вкупно на ливче во неколку наврати ставил околу седум илјади евра, кои требало од наплатниот центар да завршат на сметката на Здравствениот дом. Сумата од 7 илјади евра е проневерена за само два месеца, но извори за ТВ Стар зборуваат дека конечната сума , веројатно е многу поголема. Поради ова во моментов во благајната се прави и детална проверка за неколку месеци наназад со цел да се види дали парите од дневниот промет се носени во банка.
Директорката на Здравствениот дом Тонкица Петровска, не сакаше да го коментира настанот со образложение дека истрагата се’ уште е во тек, но потврди дека случајот е пријавен во полиција.