Иванов: Некои во Грција не ја сфаќаат сериозноста со мигрантите

by Фокус 14:39
14:39

„Самиот факт што Грција дозволила да се формира импровизираниот бегалски камп кај Идомени ги охрабрило мигрантите и бегалците да користат илегални начини за преминување на границата, што ја става во директна опасност македонската национална безбедност“, вели во интервју за грчкиот весник То Вима, претседателот Иванов.

Тој дополнува дека и по затворањето на „балканската рута“ и по трагедијата со масовниот обид за илегален премин на бегалците преку Сува река секоја вечер се регистрираат над 100 обиди за илегален премин на мигранти и бегалци.

„По се изгледа дека одредени политичари во Грција не ја сфаќаат сериозноста на безбедносните ризици што со себе ги носи оваа криза. Веќе постојат индиции дека дел од уапсените и осомничените за терористичките напади ја користеле токму „балканската рута“, изјави Иванов. На мое инсистирање до премиерот Ципрас и по еден сизифовски обид успеавме да воспоставивме билатерална полициска соработка. Меѓутоа, поради неодговорно однесување на грчките власти, меѓусебната комуникација останува на незадоволително ниво“, вели Иванов.

- Advertising -

 

Поврзани новости