470
Со слоганот „Стоп за политизирање на образованието“, Алијанса за Албанците- Гостивар, денеска од 12:00 часот, ќе одржи протести пред општинската зграда во Гостивар, пренесува порталот на албански јазик Фол.
Причината за протестот е тоа што Министерството за образование ги разреши директорите на училиштата во Гостивар, кои ги назначи градоначалникот, Арбен Таравари, и ги врати претходните директори.
„Оваа власт, започна да именува директори во училиштата во Гостивар според нивната партиска стратегија. Aлијанса за Албанците бара политиката да се држи настрана од образованието“, велат организаторите во најава на протестот.