Шокантни податоци: 14.000 основци имаат лошо држење или искривување на  ’рбетот

by fokus

Шокантни се податоците добиени од  Институтот за  јавно здравје. Секој трет ученик или 14.000 основци и над 10.000 средношколци имаат лошо држење или искривување на  ’рбетот.

Институтот за физикална медицина и рехабилитација преку националната програма за јавно здравје на Министерството за здравство во општините Центар и Карпош започнува проект за детектирање на состојбата со држењето и деформитетите кај учениците.

Покрај редовните годишни систематски прегледи на учениците, специјалисти физиатри од Институтот ќе спроведат дополнителни прегледи за рана дијагноза кај училишните деца од 6 – 9 одделение и детекција на лошото држење и деформитетите со цел функционалната сколиоза и кифоза да не преминат во посериозна форма.

Децата кај кој ќе се констатира деформитет ќе бидат вклучени во програмата вежби во базен.

Десет часа ќе се вежба во базенот во Институтот за физикална медицина и рехабилитација под надзор на физиотерапевти и наставници по спорт за да се корегира лошото држење .

Проектот започна денеска во ООУ „Гоце Делчев“ во Центар,  со прегледот на ’рбетот на децата од страна доктор физиатар.

Присутните апелираат до родителите активно да се вклучат во реализацијата на овој проект и многу  сериозно да сфатат дека ваквите прегледи и третмани се во полза на здравјето на нивните деца.

 

Поврзани новости