Партијата на Стевче Јакимовски против уставните измени, нема да учествува во работната група

by Fokus

Од ГРОМ информираат дека нема да учествуваат во работната група за уставните измени, по редовната седница на Извршниот Одбор, одржана на 10.04.2023 година, на која била разгледа поканата од Министерството за Правда за учеството во работната група за уставни измени.

„По опсежната дискусија во која учествуваа речиси сите членови на Извршниот Одбор ставот на ГРОМ е да не учествува во работата на оваа група затоа што нема потреба од уставни промени.

Овој став произлегува од корелацијата меѓу македонскиот и бугарскиот устав каде македонското национално малцинство нема никакви права загарантирани со устав. Ако за над 200.000 Македонци во Бугарија нема место во нивниот устав зошто би требало да има место во македонскиот устав за само 3.400 самоосознаени Бугари“, велат од оваа партија.

Поврзани новости