Парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ на германската канцеларка Ангела Меркел ја повикува македонската опозиција предводена од сестринската ВМРО-ДПМНЕ да гласа во полза на уставните измени согласно Договорот од Преспа, за да се отвори патот на земјата кон НАТО и ЕУ. ,Во спротивно, од таму порачуваат дека ДПМНЕ ќе биде политички одговорна за блокирањето на евроатланскиот пат на Македонија и на долг рок ќе придонесат за изолација на земјата.
– Со преку 91 отсто од гласовите „за“, гласачите во Македонија се одлучија за европскиот пат и пошироките ЕУ и НАТО перспективи на нивната земја. Парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ жали што само 37 отсто од гласачите учествуваа на референдумот за промена на името и поради тоа цензусот не беше исполнет. Во секој случај, референдумот не е обврзувачки. Одлучувачко е потребното двотретинско мнозинство за уставните измени и промената на името ќе биде постигната со гласање во Собранието“, вели заменик-претседателот на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ, Јохан Дејвид Вадефул.