Партијата на Јанко Бачев се ребрендираше и наместо Народно движење за Македонија ќе биде со називот Единствена Македонија, информираа денеска од таму.
– Реконструкција на Извршниот комитет на партијата, во кој, меѓу останатите, ќе членуваат и проф. д-р Стефан Влахов Мицов, кој истовремено ќе биде и заменик претседател на партијата, Драган Угриновски, претседател на Македонското патриотско здружение „Тврдокорни„ кое гледаме дека е мета на одредени структури во државата со обидот за наменско промовирање на паралелно здружение со ист назив, но, како што гледате вистинското здружение Тврдокорни е денеска тука, Зоран Јованчев претседател на Здружението „Македонија и Русија„ – МИР, Вангел Симев универзитетски професор и поранешен пратеник кој останува запишан во македонската историја со гласањето против штетните договори во Собранието вклучувајќи го и капитулантскиот рамковен договор во 2001, Игор Јорданов приватен бизнисмен и Ацо Николовски исто така приватен бизнисмен. Новоизбраните членови, заедно со останатите членови ќе го сочинуваат 13-члениот Извршен комитет на партијата. Трето, Единствена Македонија ќе се залага за радикален пресврт во македонската политика со повлекувањето на актите за прием на Македонија во НАТО и ЕУ и барање за членство на Македонија во Евроазиската економска унија и стратешко партнерство со Русија“ – рече Бачев.
Заменикот претседателот на Единствена Македонија, Стефан Влахов Мицов рече:
– Ние во Единствена Македонија сме за стратешко партнерство со Русија од неколку причини, прво, со рускиот народ како словенски имаме близок менталитет, јазик, култура, традиционални вредности, второ, само во сојуз со Русија можеме да ги заштитиме националните интереси на македонскиот народ како што се македонско име, идентитет, унитарноста и државната територија, трето, со влегувањето во Евроазискиот сојуз ќе се подигне животниот стандард на македонскиот народ, ќе биде искоренета невработеноста, ќе добиваме енергени и други природни богатства со 50 отсто пониски цени – рече Влахов Мицов.