ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе троши 9.000 евра народни пари месечно за два нови потпретседатели на Собранието

by Fokus

Владејаќката СДСМ продолжува со расипничкото трошење на народните пари и не ги интересира ништо друго освен измислување на нови функции и дебело наградување на послушниците со пари од буџетот, истакна на денешната прес-конференција Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ

– Одлуката да се именуваат пет наместо актуелните три потпретседатели на Собранието не значи ништо друго, освен дополнителен трошок за граѓаните.
 Месечниот трошок за еден потпретседател на Собранието на РМ по основ на плата, асистент, секретарка, возач, гориво, репрезентации и други трошоци изнесува 225.000 денари или приближно 4000 евра. За двајцата нови потпретседатели кои власта има намера да ги воведе, тоа се дополнителни скоро 9000 евра месечно или 300 евра дневно, средства кои може да се вложат во здравството или образованието или да се искористат за отворање нови работни места.
 Ако земеме во предвид дека 5 потпретседатели на Собранието годишно ги чинат граѓаните 240.000 евра, за четири години, тие ќе ги чинат граѓаните приближно 1 милион евра или скоро за двојно повеќе од тоа што претходно било трошено – истакна Стојноска.

Поврзани новости