432
Денеска во 11.30 часот во Клубот на пратеници продолжуваат преговорите на политичките партии за реформите во сферата на медиумите што треба да се направат согласно политичкиот договор од Пржино за излез од политичката криза. Учесници во преговорите пренесуваат дека дебатата се повторува и дека нема приближување на ставовите.
Некои информации говорат дека СДСМ сака да се укине владиното рекламирање, а власта сака тоа да оди според некаква методологија. Понатаму, партиите имаат несогласување околу Агенцијата за медиуми, како и за МРТВ како јавен сервис.
Рокот е до петок, а има многу отворени, и за сега далеку од договор, прашања.