Партиите имаат уште шест дена да ги убедат граѓаните за кого да гласаат

by fokus 10:31
10:31

На политичките партии им преостануваат уште шест дена за промовирање на своите програми и средби со граѓаните, пред одржувањето на предвремените парламентарни избори.

Koaлицијата на СДСМ За подобар живот денеска ќе одржат митинзи во Ресен и Битола. Претходно во Битола, пред Центарот за социјална работа во населба Карпош, изјава за медиуми ќе даде Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка на кандидатската листа во ИЕ 5.

- Advertisements -

ВМРО­ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија ќе одржат митинзи во Кратово, Пробиштип и Крива Паланка.

Носителот на кандидатската листа за ИЕ 1 Ден Дончев на коалицијата ВМРО за Македонија денеска од 12 до 14 часот ќе оствари средби со граѓаните на Аеродром, пред трговскиот центар Бисер, како и на Кисела Вода, на просторот пред рампа.

Претставниците на коалицијата Преродба со Беса денеска ќе имаат средба во Чаир со поранешните политички осуденици. На состанокот ќе присуствуват претседателот Билал Касами, Зекирија Ибрахими, Африм Гаши, Зенун Исмаили и Арјанит Хоџа.

Во 13,30 часот Касами ќе одржи конференција за медиуми и ќе го презентира проектот „Кораби 2025″. Потоа коалицијата ќе има средби со граѓаните во повеќе населени места од општина Гостивар.

Централниот караван на Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз, денеска во 13 часот ќе одржи митинг во Радовиш, на кој ќе се обратат Павле Трајанов и Слободан Богоески. Потоа претставници на коалицијата ќе имаат средби во селата Дедино и Ракитец, а митинг ќе се одржи и во Конче, со почеток од 17 часот.

ДУИ денеска ќе одржи конференција за медиуми во Тетово за досегашниот тек на кампањата. Али Ахмети, претседателот на ДУИ ќе има средби со граѓаните во општина Чаир, а централен собир ќе има во Куманово.

 

Поврзани новости