Слободан Богоески: И во Аљаска да побегнете ќе ве вратиме сосе украдените пари!

by fokus

Од митингот на Коалицијата за Промени и Правда, во Гевгелија, Слободан Богоески и порача на власта:

„ И во Аљајска да побегнете вие од власта, ќе ве вратиме и вас и капиталот што го однесовте во странство. Гевгелија ќе биде модерен европски град, а младите ќе можат да создаваат и творат овде во Македонија“.

promeni-i-pravda

Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, нагласи дека, набрзо Гевгелија ќе се справи со разулавената банда која го тероризира градот и ќе се ослободи од режимот.

jove

„Проектот ДЕКРИ ќе го имплементираме во целост, ќе го откриеме скриениот капитал стекнат на криминален начин и ќе го вратиме на граѓаните. Со економската програма, предвидуваме 800 милиона евра за економски развој, како и 2% од Буџетот за вработување на младите. Влез во НАТО и членство во ЕУ,без да се менува Уставот. Екстерното тестирање ќе го укиниме, за две третини ќе ги намалиме паричните казни, само 100 денара судска такса, ќе ја укиниме радиодифузната такса. Зголемувањето на платите (300 евра најниска), ќе ја зголеми продуктивноста и ќе ги мотивира младите да останат овде во Македонија“, рече Трајанов.

pavle

Тој ги повика граѓаните да гласаат за Слободан Богоески и за другите кандидати за пратеници од Коалицијата за Промени и Правда.

 „Силна и недвосмислена е определбата на граѓаните за промени. Нека објавуваат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ фалсификувани анкети, тоа нема да им помогне, со нас е народот, на 11-ти декември ќе славиме голема победа на чесноста, искуствотото и стабилноста“, додаде Трајанов.

jove

На митингот се обрати и Јове Кекеновски, кој рече дека веќе се здружиле федаралистите и тие што цртаат карти за поделба на Македонија.

„Но ние ќе ги поразиме, Македонија е и ќе биде унитарна држава“, рече Кекеновски.

Поврзани новости