Партиите ги договорија сите детали за законите

by Фокус

Четирите политички партии ги договориле сите детали за новите закони кои произлегуваат од Договорот од Пржино. Усогласени се сите ставови за изборниот, новиот закон за влада, за заштита на приватноста и на укажувачите, како и деталите околу анкетна комисија  за прислушувањето.

Се очекува утре партиите да ги достават законите до Собранието, а потоа на координација на пратеничките групи да биде прецизирана и седницата за нивно усвојување. Први на гласање ќе бидат ставени измените на законот за влада за што е можно поскоро да бидат избрани новите министри и заменици-министри и не подоца од петок да ги преземат своите функции.

 

Поврзани новости