Штипјани протестираа против изградба на згради во паркот „8-ми ноември“

by Фокус

Граѓаните на Штип денеска излегоа на протест против планираната изградба на две згради во најпосетуваниот парк во овој град, паркот „8-ми ноември“. Држејќи картончиња на кои пишуваше „НЕ“, штипјани од паркот му порачаа на градоначалникот Илчо Захариев дека нема да дозволат да се уништи едно од ретките зелени катчиња во градот.

-Власта мора да ги почитува граѓаните пред нешто да преземе. Овде имаме флагрантна повреда на намената на земјишето, која мора да има правна разрешница. Имаме незаконска одлука за продажба – вели Гоце Коцевски од „Млади правници“ кој најавува иницијатива пред Уставен суд.

Од иницијативата за зачувување на паркот велат дека овој протест е само најава за активностите што ќе следат доколку Општината не се откаже од намерата паркот да го претвори во згради.

Поврзани новости