492
Работната група составена од потписниците на договорот од Пржино денеска повторно ќе се најде на преговарачка маса. Од опозициската СДСМ, која рече дека договорот од Пржино за нив не е повеќе активен бидејќи е прекршен, велат дека на денешната средба ќе се разговара само за прекршувањето на договорот, како и за Законот за специјално обвинителство. Според СДСМ, за ништо друго нема да се преговара додека не се избере тимот на Јанева.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека тие се подговтвени да разговараат за секоја тема. Албанските партии не сакаа да коментираат за што ќе се разговара на денешната средба.