„Човекот пред сé“ е мотото под кое новиот политички субјект, Фронт за демократска Македонија, чии иницијатори се професорот Јове Кекеновски, бизнисменот Трифун Костовски како и други јавни ликови од политичкиот, уметничкиот, општествениот живот.
– Сите ние имаме обврска да понудиме политика која ќе биде заснована на принципи, која ќе биде заснована на вредности и доблести, на кои ќе треба да се темели идното македонско општество – порача Кекеновски, додавајќи дека Фронтот е визија која посветено и ревносно ќе делува во правец да биде коректив на сите политичко-општествени состојби.
Костовски, пак, посочи дека ФРОДЕН предлага и нов економски концепт на забрзан економски развој, заснован на концентрирано знаење и оптимална употреба на материјалните ресурси, наспроти секојдневното задолжување и шминкање на неодржливиот економски систем на продажба на евтина работна сила и распродажба на националните ресурси и интереси.
– Ние треба да имаме добро образование здравствен систем, а да обезбедиме иднина. Ако имаме добро образовани млади луѓе, или добар занаетчија, а од друга страна, тоа се здрави луѓе, нема да се исплашам колкав и долг да имам. Ќе го вратам. Но, ако младите ни заминуваат, а во државата остануваат луѓе со нарушено здравје, тогаш треба да се загрижиме – изјави тој.