Парламентарното мнозинство не може да се собере да го изгласа Јовевски

by fokus

Парламентот денеска имаше два неуспешни обиди да го изгласа Љубомир Јовески за нов јавен обвинител. Пратениците два пати гласаа, но не успеаја да обезбедат кворум, поради што претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја одложи седницата за половина час.

При првиот обид „за“ гласаа 59 пратеници, а еден беше воздржан, додека при вториот гласаа вкупно 60 и сите беа „за“

Џафери објави пауза и им рече на координаторите да ги соберат пратениците, за јавниот обвинител да се избере од „трета мајка“.

Расправата по владиниот предлог за нов јавен обвинител заврши на 15-ти декември.

 

 

Поврзани новости