Заев: Се надевав дека Таравари ќе загуби на локалните избори за да остане министер

by Фокус

Верувам дека вицепремиерското место за реформи е прифатливо за Алијансата за Албанците, како помала партија со две пратнички места која раководи со 20 институции само на централно ниво, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

-Господинот Таравари ниту соопшти, ниту разговараше. Јас од медиумите слушнав дека ќе оди за кандидат за градоначалник. И искрено, во еден момент се надевав дека нема да биде избран за да продолжи да раководи со министерството за здравство. Но, волјата на граѓаните е неприкосновената, така да тие се одлуките – рече Заев.

Поврзани новости