Заев му посака среќа на Мицкоски и рече дека ќе го покани на средба

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, му посака среќа на новоизбраниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и рече дека би се сретнал со него во прва прилика. Додаде дека очекува враќање на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот.

-Учеството на опозицијата е неопходно за да имаме нормални и демократски процеси. Убеден сум дека опозицијата треба да биде составен дел од сето она што значи реформски процес, но и сето она што значи добри перспективи на Република МакедонијаНемам предрасуди да се сретнам со Мицкоски. Засега немаме договорено средба, но би го поканил да се сретнеме во првата можна пригода- изјави Заев пред Кривичниот суд откако денеска беше одложено судењето за предметот „Поткуп“.

 

Прашан дали ќе има нова средба со Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците, Заев рече дека повеќе од месец разговараат за ова прашање.

– Се надевам дека ако нивната одлука е да останат во Влада, тоа значи прифаќање на потпретседател на Владата на Република Македонија за реформи. Се работи за политичка партија која што има две пратенички места. Министерството за здравство е еден од најважните ресори во владата и во моментот кога беше понудено при концепирање беше дадена и заради кандидатот. Ние го понудивме местото потпретседател за реформи имајќи го предвид дека навистина е млада партија што ќе сака да се докажува. Верувавме дека тоа може да биде прифатливо за нив – рече премиерот.

Поврзани новости