446
Папата Франциско се скрши и заплака кога ги спомна страдањата на Украинците за време на традиционалната молитва во центарот на Рим.
Гласот на папата почна да трепери во моментот кога ги спомна Украинците и мораше да паузира околу 30 секунди, бидејќи не можеше да го достигне гласот.
Присутните, меѓу кои и градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери, кој бил веднаш до папата, аплаудирале кога сфатиле дека папата не може да зборува и кога виделе дека плаче.