Папата Франциско најверојатно има пневмонија, поради што во средата попладне имаше проблеми со срцето.
Мирно ја поминал ноќта во римската болница „Џемели“, рано се разбудил и веднаш биле продолжени тестовите.
Официјалниот билтен на Светата столица објави дека се работи за респираторна инфекција, а инфекцијата со Ковид е исклучена.
Лекарите не сакаат да зборуваат за прогнозите, но се претпоставува дека тој ќе биде во болница уште неколку дена, а во прашање се и активностите за време на католичкиот Велигден.
Лекарите рекоа дека параметрите на тестовите се во нормала и дека терапијата ќе продолжи и во наредните денови.
Во Ватикан веќе се шират гласини за можна оставка на папата Франциско поради различни здравствени проблеми, јавуваат светските медиуми.