Папата именуваше прва жена потсекретар на бискупискиот совет

by Фокус

Со одлука на папата Франциск, Французинката Натали Беквар е именувана за потсекретар на Епископскиот синод, со што таа претствува првата жена во Ватикан која е поставена на функција со право на глас, пишува „Гардијан“.

Беквар е една од двете нови потсекретарки именувани во синодот, тело што се занимава со главните прашања на доктрината на Римокатоличката црква и во кое таа е советник од 2019 година.

-Назначувањето на Беквар ја покажува желбата на понтифот за поголемо учество на жените во процесот на анализирање и донесување одлуки во црквата, изјави генералниот секретар на Синодот, кардиналот Марио Грец.

Во работата на синодот учествуваат бископи и кардинали кои имаат право на глас, како и експерти кои не можат да гласаат.

Поврзани новости