Полицијата казни 269 возачи во Скопје, 32 возеле без возачка дозвола

by Фокус

Полицијата изрекла 269 мерки против возачи во Скопје од кои 32 за возење без возачка дозвола, 19 за возење над дозволената брзина и 17 за возење под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека акциската контрола е спроведена во текот на вчерашниот ден, при што изречени се и 14 мерки за технички неисправни возила, 14 за користење на мобилен телефон, 21 за некористење на сигурносен појас, 6 за непрописно престројување и 62 санкции за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости